Во касарната „Боро Менков“ одбележана 25-годишнината од формирањето на ЗОК (фото)

Сподели со своите пријатели

Во кумановската касарна „Боро Менков“ со високи воени свечености беше одбележан Денот на Здружената оперативна команда, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз коишто се темелат традициите во Армијата на Република Македонија.

Loading...

 

На свеченоста присуствуваше и Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорѓе Иванов кој истакна дека ЗОК во изминатите 25 години има дадено значаен придонес во развојот на АРМ. Воедно Иванов им одаде признание, за посветноста, професионализмот и упорноста во извршувањето на задачите на сите припадници на АРМ.

– Како и досега, очекувам припадниците на Здружената оперативна команда со нивните успеси да ја тестираат иднинатана штабното работење на АРМ. Во оваа пригода, псебно сакам да го истакна придонесот што како команда го давате во подготвеноста и во водењето на мисиите предводени од НАТО, Европската унија и Обединетите Нации, но и во реализацијата на голем број вежбовни активности во земјата и во странство. Сонот на Димитар Поп Георгиев Беровски, Дедо Иљо Малешевски и востаниците за слободна Македонија е исполнет, а ваша постојана обврска е да продолжите по патот на успехот, рече претседателот Иванов.

 

 

Гордо го веевме нашето знаме во повее од 20 меѓународни вежби во земјата и во странство и со особен успех ја презетиравме нашата борбена подготвеност и интеропреабилност со членките на НАТО како нашата стратешка определба, порача командатот на ЗОК,  бригадниот генерал Зоран Милески.

– Она на што сме посебно горди, кое на најдобар можен начин ја манифестира и отсликува нашата цврстина и решеност да продолжиме по патот на нашето полноправно членство во НАТО е реоценувано на Средната Пешадиска Баталјонска Група. СПБГ со здобивањето на атрибутот „борбено подготвена“ дрокажа дека нашите војници и старешини одамна го заслужија своето место во НАТО алијансата, рамо до рамо со своите браќа по оружје, рече Милески.

 

 

Loading...

Како што рече Милески во своето обраќање и во година во која имале ограничени материјални ресурси, ја реализирале најголемата вежба на АРМ, „Македонски Блесок-13“.

 

 

На свеченоста по повод 25 години ЗОК, присуствуваа и државниот секретар во министерството за одбрана Драган Николиќ, генерали во АРМ, како и претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ и воени аташеи од повеќе држави. Припадниците на АРМ кои во текот на изминатата година се истакнала со својата посветеност кон работните задачи беа наградени, пофалени или унапредени.

 

 

Инаку, со одлука на претседателот на Република Македонија, 17 октомври е определен за Ден на ЗОК, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз коишто се темелат традициите во Армијата на Република Македонија.

 

Loading...