ВМРО-ДПМНЕ бара да се изнајде решение за езерото на влезот на градот (фото)

loading...

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска одржа прес конференција на влезот на градот, зад бензинската пумпа, каде се наоѓа големо езеро кое се формира и при најмал дожд. 

Како што велат од партијата, надлежните со години нема слух за овој проблем, ниту желба за санирање.

„Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  Куманово веќе има апелирано до надлежните за овој проблем но за нив бизнис интерсите се секогаш пред интересите на граѓаните.Дали при секое невреме проследено со дожд треба да апелираме да се санира овој проблем  бидејќи е срамно  за град како Куманово во 21 век граѓаните секојдневно да се среќаваат со ваков голем проблем?

Влезот на градот е приоритет за секоја општина, но за жал не и за општина Куманово. Влезот на еден град треба да биде огледало на градот и да биде убаово уреден и среден  со цел да остави  впечатлива слика  кај туристите.

СДС  веќе подолг период раководи со општината Куманово, притоа не изнајдоа решенија за овој проблем како и за многу други инфраструктурни проблеми со кои со години наназад се соочуваат граѓаните. Тие постојаното го уназадуваат и  уништуваат  градот“ – вели Цветанка Величковска, ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.


Последни наслови

Facebook Comments