Кумановецот Жарко Денковски по неколку години ќе замине од функцијата генерален секретар на Собранието. Ова е првата точка по која ќе расправа Комисијата на прашања за избори и именувања.
Генралниот секретар го именува Парламентот, а по предлог на Комисијата за прашања на избори и именувања. Според деловниот, генералниот секретар му помага на претседателот на Собранието во пдоготовка и организирање на седниците и ја организира и усогласува работата на Службата на Собранието.
Жарко Денковски е именуван за генерален секретар на Собранието на Република Македонија во 2007 година.
За нов генерален секретар е предложена поранешната пратеничка на СДСМ, Цветанка Иванова.
Loading...