Вистината за кафето и крвниот притисок

Сподели со своите пријатели

Кафето има лоша репутација. Еден од аргументите против пиењето о е дека поради високата содржина на кофеин, тоа може да доведе до висок крвен (хипертензија), што како последица да доведе до срцев удар.

Но, вистината е дека кафето не го зголемува ризикот од хипертензија, тоа само го зголемува крвниот притисок за неколку часа, тврди италијанскиот истражувач на храна д-р Џузепе Гросо.

Интересен факт е дека зголемувањето на крвниот притисок настанува само кај луѓето кои не пијат често кафе. Зависниците од горчливиот пијалок имаат нешто како отпор, објасни кардиологот Кришна Шах.

Ако вашето тело не е навикнато на кофеин, при земањето, крвните садови се стегаат, што доведува до зголемување на крвниот притисок во организмот. Овој процес сепак трае неколку часа и потоа сè се враќа во нормална позиција.

Промената не е опасна и не може да доведе до хронична хипертензија. Само еден месец по употребата на кофеин ова дејство запира, бидејќи телото станува “имуно” против него, убеден е Шах.

Кардиологот изјави дека дури и луѓе со висок крвен можат спокојно да испијат чаша-две кафе на ден. Истражувањето на Гросо пак покажува дека не само што кафето не доведува до хипертензија, туку и го намалува ризикот од неа кај луѓето кои пијат 3-4 чаши од горчливиот пијалок на ден и не пушат.

Десетици истражувања тврдат дека кафето е корисен пијалок кој има магнезиум и антиоксиданси. Значи избркајте ги сомнежите и пијте го омиленото кафе, без да доживувате грам вина!