Викторија Пеовска од ЖРК Куманово нова репрезентативка на Македонија

loading...

Покрај стандардната репрезентативка Александра Боризовска од ЖРК Куманово, левиот бек Викторија Пеовска доби повик да се приклучи во репрезентацијата на Македонија.  Првиот собир е закажан за денеска со почеток во 09:00 часот во СРЦ Кале во Скопје.

Во рамки на ЕХФ неделата, нашата репрезентација ќе настапи на меѓународниот турнир „Карпати Трофеј“ што ќе се игра во Крајова во Романија. На турнирот, покрај Македонија, ќе настапат и селекциите на Романија, Бразил и Полска, а натпреварите ќе се играат во периодот од 24 до 26 ноември.

Распоред на натпревари:

24.11.2017 (17:00) Македонија – Бразил

25.11.2017 (16:00) Македонија – Романија

26.11.2017 (14:00) Македонија – Полска

Ова е уште една потврда за одличната стратегија на управата на женскиот ракометен клуб од Куманово кои што и покрај минорната помош од бившиот градоначалник успеаја да створат две сениорски репрезентативки и три кадетски репрезентативки. Во иднина се очекуваат уште повеќе репрезентативки од клубот и поголема подршка од сегашниот градоначалник бидејќи во оваа сезона во пионерска и кадетска конкуренција ЖРК Куманово е без пораз, велат од Управата на ЖРК Куманово.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments