Ветераните ја одбележаа битката во Дренак (фото)

Сподели со своите пријатели

Дваесетина членови на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав „Христијан Тодоровски Карпош“ од Куманово вчера замина на спомен обележјето во село Дренак каде на 11 декември 1943 година се одигра една од најважните битки на овој терен помеѓу Вардарски четнички корпус и баталјонот „Орце Николов.

 

Loading...

 

Членовите на здружението во име на битката за слобода, положиле свежо цвеќе во селото и оддале почит на борците.

– Во таа битка Карпош иако со неговите партизани биле послабо вооружени во однос на Четниците со една мудра тактика заземајќи ја најважната точка во село Дренак, во Каменитичка маала извојуваа една многу важна победа која беше важна за самиот морал на партизаните кои понатаму продолжија со битка до конечното ослободување. По завршување на оваа битка се приклучија уште 30 партизани во составот на овој баталјон, изјави Борко Стојановски, потпретседател на здружението.

 

 

Во битката на Дренак, баталјот ,,Јордан Николов Орце“ извојувал победа над припадници на Вардарскиот четнички корпус составен од четири бригади. Од Баталјонот загинале борците Тоде Георгиевски-Мендол, Миливој Бошковски-Кипра, Доско Величковски – Молер, Павле Илиевски, Дојчин Дичковиќ и Владо Тасевски.

 

Loading...