„Вестидо“ ново модно студио во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Кумановки од оваа недела имаат можност да набават најнови модели на фустани во новоотвореното модно студио Вестидо, кое се наоѓа на улицата „Илинденска“ бр. 36. Бутикот располага со секаков вид на фустани за различни свечености, како и венчаници.

Loading...

Предност на нашето студио е што нудиме можност за нарачка на модел по желба, вршиме корекции и слично. Во наредниот период планираме проширување на колекцијата, па дамите ќе имаат можност да набават се што им е потребно за една свеченост – изјавија од модното студио „Вестидо“.

Новото модно студио за првите купувачи ветува попусти и други изненадувања. За сите подетални информации можете да се информирате на фејсбук страницата „Вестидо“, или пак на телефонскиот број 075/202-903.

 

 

 

Loading...