Утре ќе се одржи 62-та седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Утре со почеток во 10 часот ќе се одржи 62-та седница на Советот на Општина Куманово на чиј дневен ред се наоѓаат 12 точки по кои ќе расправаат советниците. Седницата во живо може да ја проследите на Телевизија „Плус“.

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2016 година;

  2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2017 година;

  3. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2016 година;

  4. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2017 година;

  5. Предлог – Одлука за давање на долготраен закуп на градежно земјиште                                      КП бр. 12795/284 заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – Трафостаница ТС10(20) Кв „ТС Гладно поле“ во место викано Гладно поле-Општина Куманово;

  6. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2017 година;

  7. Предлог – Одлука за усвојување на Статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на Училиште за основно музичко образование „Панче Пешев“- Куманово;

  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1118, 1119, м.в. Поток, КО Орашец – Општина Куманово;

  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4104/1, м.в. Градине, КО Романовце – Општина Куманово;

  10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП- ССТ (Сервиси, стоваришта и терцијални дејности) во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ Индустрија, дел од УБ 72 за КП 22715 – Општина Куманово;

  11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки урбанистички план за дел од село Карпош  Д2- заштитно зеленило во A1- сејмена куќа за дел од КП 7977/1 – Општина Куманово;

  12. Предлог – Одлука за формирање на Координативно тело за заштита од дискриминација