Усвоен предлог Буџетот за 2017 година вреден 3,3 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Македонија која ќе дојде на власт по изборите на 11 декември, од следната година ќе има на располагање вкупно 3,3 милијарди евра во Буџетот.

Ваквата одлука е резултат на вчерашните расправи, а 45 минути перд полноќ министерот за финансии Кирил Миновски соопшти дека се очекува економски раст од 3%.

Според досегашните рпоцедури 12 октомври е датумот кога треба да се донесе Буџетот, која вчера мина на владина седница, но од СДСМ со реакција:

„Нагласуваме дека Владата којашто функционира е техничка и е формирана исклучиво за организирање и спроведување на предвремените парламентарни избори. Оваа Влада не смее да носи сериозни акти каков што е Буџетот за 2017 година тежок 3 милијарди евра“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Одлуката за Буџетот според Миновси пак мора да се донесе до распуштањето на парламентот.