Уставниот суд дозволи помилување за изборни измами, педофилија и тежок криминал

Сподели со своите пријатели

Уставниот суд со мнозинство од гласови денеска зад затворени врати ги укина измените во Закото за помилување со што директно овозможи претседателот на државата да помилува обвинети лица за изборни измами, педофилија, производство и препродавање дрога и други тешки криминални дела.

Вчера пред Уставниот суд огромен број луѓе го искажаа револтот против како што велат неуставното работење на оваа државна институција која работи под закрила на актуелната власт. На протестот имаше и контра-протест поради наводно бранење на судот од притисоци. Откако денеска одлуката се изгласа според националните медиуми заврши и контра-протестот.

Инаку за експресно брзо време беше донесена одлуката на Уставниот суд, што е невообичаено за оваа институција која работи побавно од онаа што треба. Одлуката по брза постапка беше изгласана веднаш откако Специјалното јавно обвинителство го објави случајот Титаник во кој високи функеционери на ВМРО-ДПМНЕ се обвинети токму за изборни измами.