Умерено облачно со температури до 8 степени

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта како и утринава насекаде во земјава се задржа облачно време и постудено, особено на повисоките места и планините. Дуваше слаб ветер од југоисточен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне облачно, попладне променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од југоисточен правец. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до 8 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува шест степени. Во текот на ноќта температурата ќе се спушти до -6 степени целзиусови.

Од утре облачноста ќе се намалува и ќе преовладува претежно сончево време со пораст на дневната температура. Поради намалувањето на облачноста, утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни и во опаѓање. До средината на работната седмица ќе дува северен ветер, кој во среда вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.