УХМР: Значителен пораст на снежната покривка за 30 сантиметри

Сподели со своите пријатели

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика пре тежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекува да бидат во јужните и југоисточните делов и од земјава.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег.

Температурата во овие денови ќе биде без поголеми промени и ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

 

Loading...