УХМР со најава за променливо и нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Во среда кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста и локален краткотраен дожд со ретка појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

В четворток попладне се очекува да има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во сооштението на УХМР.