УХМР со најава за нови врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег особено кон крајот на денот на североисток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен северен ветер, само вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест утре од вечерните часови. Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата.

На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.

Loading...