УХМР најавува дожд, грмежи, снег и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а в о попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинскит е подрачја. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 25 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со по времени врнежи од дожд, на места со ум ерен интензитет, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во текот на денот ќе дув а умерен, во западните делови пов ремено засилен западен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

Кон крајот на денот поради спуштање на значително постудена воздушна маса од североисток, ветеро т ќе го промени правецот во северен, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Во понеделник ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе се формира и нова снежна покривка. Температурите позначително ќе опаднат и ќе бидат во интервал од 7 до 13 степени.

Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури (во средината на неделата од -2 до 4 степени), а дневните ќе би дат во постепен пораст, стои во дописот од УХМР.