УХМР најави топлотен бран и температури над 35 степени

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи преку соопштение до јавноста, најави доаѓање на топлотен бран што ќе ја зафати Република Македонија, па така под влијание на многу топла воздушна маса, до крајот на оваа седмица како и во текот на следната недела, времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и топло.

Максималните температури на повеќето места ќе бидат над 30 степени, а долж Повардарието и над 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Повеќе услови за нестабилност ќе има во сабота и во понеделник.

Извор: УХМР