Убиен брачен пар во Пакистан: Стапиле во брак без согласност од роднините

Сподели со своите пријатели

Пакистанската полиција соопшти дека уапсила 10 лица поради убиство на пар кој своеволно стапил во брак во градот Карачи.

Абдула Хадија (24) и Хасину Биби (19), кои се венчале кон почетокот на ноември, ги убиле нивните роднини минатата недела откако се внечале без одобрение на постарите роднини, рекол полицискиот службеник Касим Хамид.

Според неговите зборови, телат ана брачниот пар во недела биле пронајдени на локалните гробишта, а потоа биле уапсени таткото на младоженецот и деветмината роднини, додека таткото на девојката зибегал.

Уапсените признале, дека по наредба на пелеменскиот совет „Џигра“, со ножеви го усмртиле брачнио пар, поради, како што навеле, непочитување на обичаите на етничката група Паштуни.

Многу родители во Пакистан договараат бракови на своите деца против нивната волја. Годишно во таа земја скоро 1.000 жени се убиваат поради „одбрана на честа“, затоа што се омажиле без согласност на семејството или се обиделе да избегаат од договорените бракови.