Турција ги нападна Курдите во Источна Сирија

Сподели со своите пријатели

Турската војска ги гаѓа курдските сили во источниот дел на Сирија, стотина километри далеку од енклавата Африн, пренесува курдската новинска агенција „Хавар“.

Агенцијата пренесува и дека курдските борци возвратиле на прекуграничниот оган во провинцијата Хасакех, претежно курдско подрачје на границата со Ирак.

Турските власти од југоистокот на земјата не можат да ги потврдат наводите. Сириската опсерваторија за човекови права потврдува дека дошло до помали конфликти, како и дека размена на оган има и нешто подалеку на западот.

Турција започна голема офанзива врз енклавата Африн, под контрола на курдските единици, кои Турција ги смета за продолжена рака на курдските бунтовници на југосистокот на земјата.

Приватната турска агенција „Ихлас“ пренесува дека курдските борци ги гаѓале турските војници во Џејланпинар, на границата со источна Сирија.

Туриските сили за безбедност во звратиле со артилериски оган, а издадено е предупредување населението да остане во своите домови.