Тргнато македонското, а поставено албанско знаме во центарот на Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Двајца тинејџери попладнево околу 16 часот го симнале од јарболот големото македонско знаме поставено кај фонтаната пред поранешен Хотел „Кристал а на негово поставиле албанско знаме кое на половина копје.

Според полициски извори станува збор за две млади лица кои веднаш биле приведени, во меѓувреме било повикано засилено полициско обезбедување, а при обидот да го симнат знамето дојде до турканици и со полицијата при што двајца службеници на СВР Куманово биле повредени.

Според информациит едо кои дојдовме две лица од албанска националност по потекло од село Слупчане го симнале македонското знаме и се одибеле да го закачат албанското на јабролот во центарот на градот.

Според очевидци на самото место имало уште неколку лица, најмалку уште четворица, но останатите се дале во бегство, а двајца се приведени. На распит биле повикани и неколку сведоци. Моментално јарболот е без знаме, македонското било искинато, а албанското е симнато од високиот јарбол. Фирмата задолжена за поставување е на терен и во секој момент се очекува да постави ново знаме.

Пратениците Максим Димитриевски и Оливер Спасовски повикаа да е се креваат тензии во градот и да не се провоцираат граѓаните.

Повеќе детали наскоро.

https://www.facebook.com/TetovaaSot/videos/1532143990152393/

Loading...