Тргнал во лов, па добил ќотек од кенгур

Сподели со своите пријатели

Тинејџер кој со својот брат во Австралија тргнал во лов на кенгури доживеал непријатно изненадување кога еден од кенгурите го претепал.

НИНЏА КЕНГУР: Велосипедист нокаутиран во Австралија (видео)

Loading...

Имено, деветнаесетгодиниот Џошуа Хајден тргнал со својот брат во близина на Келерберин во Западна Австралија, а кенгурот, откако удрил во нивниот автомобил, му нанел повреди на вилицата и очите, пренесува Дејли мејл.

Кога кенгурот ќе одлучи да се мајтапи со полицијата (видео)

Како раскажало момчето, низ прозорецот од автомобилот го забележал кенгурот кој избегал, а потоа нишанел други два во далечината. Тогаш, првиот се вратил и го нападнал Хајден.

Као што објаснува, кенгурот всушност удрил најпрвин во нивниот автомобил и го скршил предниот прозорец, а потоа се вратил и го удрил право во вилицата. Момчето за кратко останало без свест, а во болница подоцна му рекле дека мора да го оперираат кога ќе му се намали отокот.

Ако мислите дека кенгурот не може да го направи тоа, се лажете. Впрочем погледнете како знаат да се боксуваат.

Leave a Reply