Трамп повторно ги направи големи Кина и Русија

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од светот се помалку верува во американското водство откако во Белата куќа се всели Доналд Трамп, што според оценката на експертите од инстутот „Галуп“, кој направил големо истражување на светското јавно мислење, отвара можност на останатите земји како што се Кина, Русија и Германија да се наметнат на меѓународната сцена.

Иако германската политичка елита настојува во новонастанатата ситуација да се пригушат силите на нивото на Европска унија, во Берлин преовладува стравот дека Трамп со својата политика нема, како што вели, „да ја направи Америка повторно голема“, туку Кина и Русија.

Истражувањето довело до податоци дека само 30 отсто од испитаниците во 134 земји имаат позитивно мислење за лидерството на Трамп во САД, што е за 18 отсто помалку во однос на последната година од мандатот на Барак Обама, а за четири во однос на последната година од владеењето на Џорџ Буш Помладиот.