Тотенхем му нуди нов договор на Почетино

Сподели со своите пријатели

Раководството на Тотенхем сака да го задржи Маурисио Почетино по секоја цена на менаџерската позиција во клубот и планира да му понуди нови, многу добри финансиски услови и нов долгорочен договор, објавија медиумите на Островот.

За 45-годишниот специјалист пројавуваат интерес гигантите на светскиот фудбал – Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Претседателот на „петлите“, Даниел Леви, подготвил многу добри услови за аргентинскиот стратег и се надева дека Почетино ќе го предводи тимот следната сезона кога Тотенхем планира да се врати на „Вајт Харт Лејн“ и ова ќе означи нова ера во историјата на клубот.

Платата на Почетино во Тотенхем моментално изнесува 5,5 милиони евра годишно.

Во 2016 година, Аргентинецот потпиша петгодишен договор со клубот од Лондон.

Leave a Reply