Таа е алергична на сè, па дури и на својот сопруг

Сподели со своите пријатели

Џоана Воткинс е осудена на изолација затоа што има вид на алергија поради која ниту нејзиниот сопруг не може да биде во просторијата. Брачниот пар комуницира преку „Скајп“, а храната и ја доставуваа под вратата.

Брачниот апр Воткинс од американската сојузна држава Минесота води битка со тежок животен проблем. Кога во 2013 година го изговориле судбоносното „да“ не претпоставувале дека може да се деси нешто слично, но Скот и Џоана и натаму се сакаат неизмерно, иако комуницираат само преку интернет.

 

Loading...

Лекарите 30 пати псотавиле погрешна дијагноза пред конечно да сфатат од што боледува Џоана. Се испоставило дека 29-годишната девојка пати од ретко пореметување MCAS (Mast Cell Activation Syndrome) кој предизвикува алергија на готово се,  поради што мора да престојува во затворената просторија без контакти со сопругата.

Пореметувањето доведува до тоа клетките одговорни за реакција на имунолошкиот систем да реагираат во погрешно време. Поради тоа Скот одлучил да преземе нешто што би овозможило полесен живот за него и неговата сопруга. Повеќе од година дена поминал во реновирање на домот за да одговара на потребите на Џоана.

 

 

Благодарение на парите кои ги сопрал по пад на донации, изградил систем кој ги отстранува сите мирис и поставил нов мебел отпорен на алергени. Во домот е мрачно затоа што Џоана е осетлива и на сонце.

Кога работите конечно биле готови, Скот бил изненаден, затоа што Џоана се онесвестила кога го погледнала просторот.

Мирисот на просторот како да ја збуни и изгуби свест. Не испадна како што сакавме – рекол Скот додавајќи дека причината најевројатно лежи во бањата каде би и просечна личност имала проблеми поради силниот мирис на новите водоводни цевки.

И покрај тоа што наишле на оваа препрека сепак не се прадаваат и не губат надеж дека ќе биде подобро.