СВР Куманово поднесе пријава за жител на Арачиново поради насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш. (30) од селото Грушино, Општина Арачиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 16.02.2017 година околу 02.40 часот, на бензинска пумпа на автопат Куманово – Граничниот премин  Табановце, го забележал Н.А. (30) од Куманово, застанал со возилото и го повикал, по што заминале во правец на с. Черкезе. Кога пристигнале во с. Черкезе, по вербална расправија, во непосредна близина на плац за продажба на моторни возила пријавениот го удрил со тупаница во пределот на лицето, по што извадил пиштол, го репетирал и со рачка од пиштол неколку пати го удрил во пределот на главата и челото, при што му нанел видливи повреди.