Суровоста на животот и бескрајна љубов во само една фотографија (фото)

Сподели со своите пријатели

Фотографијата која е објавена на страницата „Love What Matters“ допре до многумина и стана потсетник на оној завет од венчавките „и во добро и во зло“.

Девојката чија фотографија допре многумина на социјалните мрежи објаснува зошто нејзиниот татко наместил стол и фотелја покрај вратата од спалната соба.

Мојата мајка има канцер на тироидна жлезда кој се прошири и го зафати душникот. Имаше операција која го отстрани ракот. Мора да биде изолирана во соба поради радијација. Мојот татко постави стол пред вратата за да и прави друштво, а јас плачам – стои во описот на фотографијата.

Ето за таа голема љубовна приказна понекогаш се доволни само неколку реченици и многу љубов.

Голем број луѓе кои се јавија во коментарите дадоа поддршка на семејството и споделија свои лични искуства со канцерот, излекувањето и терапијата.

https://twitter.com/mackenna_newman/status/852904804237983746

Loading...