Страотни пожари низ целиот Балкан: Црна Гора, БиХ и Хрватска во пламен! (фото+видео)

loading...

Големи шумски пожари беснеа во Босна и Херцеговина, Хрватска, а во Црна Гора гори половина од крајбрежјето.

Повеќе од половина од црногорското крајбрежје е во пламен. Шумскит епожари се шират од Херцег Нови до Сутоморе. Пожарникарите се немоќни поради ветерот, а најтешко е во Луштица.

Луѓето, денеска скокале и во вода за да спасат жива глава, а во гаснењето учествуваат и авиони.

Борбата со огнените јазици која ги зафати Шуштица кај Тиват и натаму трае, при што пожарникарите имаат полни раце работа, а 170 од нив ноќта ја минаа дежурни на шест различни локации.

Силниот ветер ја отежнува ситуацијата, полицијата бега со граѓаните, а по ридовите започнала и експлозија на заостанатата муниција од војната.

Летовите во Црна Гора се откажани, а побарана е меѓународна помош за справување со огнот.

Алармантна е ситуацијата и во Босна и Херцеговина. Веќе три дена се водат борби за гаснење на пожарот во Љубиње. Тамошните пожарникари утринава добија и помош од колегите од соседните градови. Претходните два дена се бореле со пожар кој се активирал на подрачјето на нивната општина.

Градоначалникот на Оптина Љубање, Дарко Круниќ вели дека огнените јазици претходните два дена се ширеле со огромна брзина и дека никој не е во можност да ги спаси стамбените и други објекти и добитокот кои изгореле. Сите вложожуваат последни атоми сили за да спречат повторување на нешто вакво.

Огнот носен од ветерот, се заканува на куќите и другите објекти во село котези. Брзата реакција на мештаните и пожарникарите спречила ширење на пожарот.

Пожари има во неколку села.

Хаотично е и во Хрватска.

 

 

Во вечерните часови огнот ги зафатил првите населени места во Сплит, небото над градот е прекирено со густ црн чад, запалена е и бензинска пумпа кај Солин, сплитските градски гробишта, а на крајот и депонијата Кареповац, така да на градот освен огнот му се заканува и еколошка катастрофа.

 

 

Струја нема во поголемиот дел од населените места.

 

 

Во гаснењето на пожарите се вклучени сите пожарникари, војската, но и цивилното население.

 

 

Сплит ја доби и првата жртва. Средовечен маж денеска починал од срцев удар. како велат жителите, несреќниот човек во пожарот изгубил се што градел во животот, она што го обработувал и сиот имот. Кога пожарот пристигнал до неговата куќа во Долно Ситно, човекот од стрес доживеал инфаркт и починал.

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments