Стечајците и утринава го блокираа влезот и излезот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Влезот и излезот на градот и утринава беше под блокада поради протестот кој таму го одржаа стечајните работници од Куманово кои три часа протестираа со цел да го кренат гласот за своите права.

Како што вели Георгиевска бројот на стечајците од протест до протест е се помал поради голема смртност, но и изнемоштеноста на стечајците.

Си ги бараме уставно загарантираните права од пратениците кои поради партиски интереси не сакаат да го изгласаат нашиот Предлог – закон веќе пет пати. Не бараме нешто што не може да се исполни. Тие пари ќе бидат од државата за државата, за лекарства за џакче брашно, за сметки. Овие работници на сила се истерани од своите работни места не ја напуштиле сами работата. Буџетот е три милијарди евра, па еве добра прилика да издвојат пари за 4.000 стечајни работници и да заврши оваа наша голгота – речеГеоргиевска која се жали на малиот интерес од страна на медиумите за нивниот протест.

Протестот требаше да се одржува на патарините кај Романовце, но поради тао што станува збор за меѓународен автопат, полицијата не им дозволи, па протестот го преместија на влезот и излезот. Георгиевска најави дека наскоро ќе организираат и марш од Куманово до Скопје.

фото: архива