06.01.2018 13:55

Српската заедница во Куманово го прослави Бадник (фото)


Шеста година по ред Српската заедница во Македонија – Регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите, по повод денешниот празник Бадник организираа традиционална прослава во холот на зградата на поранешен комитет.

Утринава традиционално во селото Љубодраг го пресекоа бадниковото дрво, по што следуваше прославата со посна трпеза пред партиските простории.

– Шест години по ред славиме Бадник, засечување на дрвце, оваа година беше во месната заедница Љубодраг, следната година ќе одиме во месната заедница Речица. Традиционално го одржуваме секоја година, атмосферата е многу убава и да продолжиме така, изјави Милован Станковиќ, претставник на Српската заедница во Македонија.

 

 

Овогодинешните кумови Мартин и Тони, се задоволни од годината што измина и се надеваат дека наследникот на кумството исто така ќе го следи среќа во претстојната година.

– Оваа година сакам да има повеќе здравје, љубов, среќа на сите, особено на нас, ништо посебно нема, во такви услови живееме, да има слога кај сите граѓани на Општина Куманово, велат минатогодишните кумови.

На прославата беше кршена и погача со паричка, а најсреќна беше осумгодишната Ива Јаќимовиќ која ќе го продолжи кумството за следната година.

– На сите луѓе да им донесе Новата година среќа, радост, љубов и здравје, реќе осумгодишната Ива.

 

 

Според традицијата, организацијата на следната прослава припаѓа на новиот кум, односно Ива и нејзините родители кои треба да се погрижат за прославата следната година.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments