Спречен обид за шверц на маици и мотор за патничко возило на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, лекови, вакцини за животни, цигари, мотор за патничко моторно возило, монитор, облека и чаеви, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Еден употребуван мотор за патничко моторно возило марка OPEL CORSA бил откриен при детална контрола на автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот мотор, пронајден во багажот на друг македонски државјанин, сопатник во возилото, биле привремено задржани, а против ова лице е поведена соодветна постапка.

Во друг случај 100 парчиња маици, откриени од страна на мобилните царински тимови биле откриени при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените маици, пронајдени во пакет покриен со кебиња, сместен зад возачкото седиште од возачката кабина, биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.