Сончево и топло со температури до 35 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека максималните температурни вредности ќе се движат во интервал од 28 до 35 степени целзиусови.

Во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со мала облачност во текот на денот и слаб вегер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 32 степени целзиусови, додека во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста и појава на грмежи и краткотраен дожд.

И во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот и во почетокот на наредната недела.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...