Со злато и сребро Давид и Марко се вратија од ММА турнирот во Врање (фото)

loading...

Давид Спасовски и Марко Стојковиќ се двајцата членови на ММА Клуб Куманово кои викендов со медал се вратија од ММА турнирот GFC3 кој се одржа во Врање, Република Србија.

 

 

Спасовски се натпреваруваше во категоријата до -77 килограми и во супериорна борба со прекин во втората рунга до совлада Јован Кандиќ од Србија и се закити со златен медал, додека Марко Стојковиќ иако добро ја започна борбата поради повреда на аркадата загуби од Марко Рончевиќ и се задоволи со вторто место и сребрениот медал.

 

 

– Севкупно како и целата 2017 година постигнавме големи успеси на државни и балкански првенства и турнири, Светскиот куп во Италија ни донесе трето место за Филип Наковски, така да мислам дека успешно завршуваме оваа година. Честитки до сите членови и натпреварувачи кои го дадова својот максимум без кој не можевме да го претставиме градот и клубот во добро издание и секако благодарност до луѓето и спонзорите кои несебично во текот на целата година помагаа да може да ја реализираме програмата, пред се тоа се Општина Куманово, Општинскиот сојуз на спортови, правните субјекти Мултимедиа нет, Кабаре Тунел и Кафе Батиста, изјави Сашо Илиевски, тренер на ММА и Кик бокс клубот Куманово 2006.

 

 

Марко и Давид се натпреваруваа во конкуренција со ММА борци од Бугарија, Македонија, Германија и Србија.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments