Со протест на ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ започна првенството во кошарка

Сподели со своите пријатели

Со протест на родители и ученици од Основнотно училиште „Браќа Миладиновци“ утринава започна Државното првенство во кошарка за основци како резултат на нивното незадоволство што иако победници на општинските и зонски натпревари биле исфрлени од државното натпреварување.

Директорката на училиштето Марина Манојловска вели дека доцна дознала за проблемот, но сепак од федерацијата на училишни спортови никој не сакал да и возврати на повиците. Утринава добила повик од родителите да се приклучи на протестот кој се одржа пред спортаката сала на СОУ „Перо Наков“ каде се одржува првенството.

– Она што е потребно е привидите од ваков тип да бидат решавани соодвено и навремено, затоа што се работи за 23 ученици кои година дена финансирани од сопствените родители и со поддршка од нив и училиштето постигнаа неверојатни резултати. Прваци на општинско и на зонско натпреварување, а со тоа да ви биде оневозможен влезот на државно првенство, претпоставувам дека не е интенција ниту на училишната федерација, а ниту пак на нас како институција, рече директорката Манојловска.

Според Манојловска ваквите настани демотивирачки влијаат на учениците кои се подготвуваат и во последен момент се исфрлени од вавко натпреварување и никој нема право да нанесува штета врз децата кои можеби еден ден ќе станат дел од македонската репрезентација и големи таленти.

– Вчера со професорите дојдоа и учениците кај мене и беа револтирани заради начинот и односот на училишната федерација кон оваа екипа која морам да кажам даде неверојатни резултати, а имавме и две деца кои на зонското натпреварување искинаа лигаменти и скршија нога, што значи дека револтот е оправдан и секогаш како менаџер на оваа институција ќе дадам поддршка кога се работи за интерес на родителите и учениците, по функција тоа е моја одговорност по Закон за основно образование, но и да не е, како човек и педагог секогаш ќе дадам поддршка кога се работи за интерес на деца, можеби тоа се наши идни кошаркарски репрезентативци, можеби тоа се наши идни таленти, немаме право ниту како општество ниту како институција да им нанесеме штета во однос на мотивација и понатамошно тренирање на кошарката, додаде Манојловска.

Протестот утринава го организирала мајка на едно од децата кое требало да учествува на првенството, бидејќи како што вели трудот на децата е голем како и нивните успеси.

– Децата толку добро играа земаа прво место и на општинско и на зонско, и сега кога се подготвија со помош на анс родителите да одат да се натпреваруваат во Штип, сите спремни од комбе ги вратија и им рекоа дека тие нема да се натпреваруваат затоа што наместо нив ќе се натпреварува училиштето „Кочо Рацин“, затоа што тоа било рпвак минатата година. Ако тоа било првак, зошто на другите училишта им е дозволено да се натпреваруваат, првак имаме нека се натпреваруваат тие. Децата беа толку силни и среќни што ќе се натпреваруваат и веруваа во себе дека ќе бидат државни прваци и тоа така им го направија, едноставно не е фер, рече … родител.

Од федерацијата на училишен спорт сепак го решија проблемот. Половина час пред почетокот на првенството им беше соопштено дека ќе бидат дел од спортскиот настан, но претходно дошло и до вербална пресметка на градоначалниокт Максим Димитриевски со директорката на училиштето, бидејќи и рекол дека ги злоупотребува децата и ја пвикал утре на итен состанок во неговиот кабинет.

Од Федерацијата упатија извинувања.

– Сме требале можеби и порано да стапиме во контакт со неа, требала да не исконтактира, оваа практика секоја година. Нејзиното училиште беше домаќин на едно првенство, а првакот немаше можност да оди понатаму. Овие несогласувања ќе се надминат и ќе се извиниме на директорката, со тоа што повеќе нема да правиме вакви предвиди и веројатно од сега понатаму ќе се знае дека домаќинот оди од оваа училиште кој минатата година бил прв на државното првенство, изјави Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општински сојуз на училишен спорт на град Куманово.

Натпреварите сепак започнаа денеска во 11 часот, по свеченото отворање, а екипата на „БраќаМиладиновци“ и без тренинг прифати да учествува и да ја брани репутацијата на своето училиште.

Leave a Reply