Со „Панама Пејперс“, ООН ја започна истрагата: Каде се наоѓаат парите, дијамантите и златото на Гадафи?

Сподели со своите пријатели

Бруталниот и крвав пад на Моамер ел Гадафи во 2011 година иницираше меѓународен лов на неговото богатсво. Сега Обединетите нации објавија извештај во кој е посочено дека поголемиот дел од богатсвото на Гадафи е сокриено на разни страни низ Африка.

Панел експерти објавиле извештај на 299 страници за хаосот без престан кој владее во постгадафиевата Либија. Во извештајот меѓу останатото се наоѓаат документи, фотограии и интервјуа во кои детално е наведено како богатсвото на Гадафи, заштитено со резолуција на ООН, слободно се селело низ целиот континент.

Во 2013 година, Јужна Африка прифатила на новата либиска Валда да и ги врати либиските фондови кои според досегашниот курс се вредни 718 милиони евра. Но, јужноафриканските челници, како и ООН тогаш не споменувале што било направено со останатиот дел од парите, дијамантите и златото кои останале заклучени. ООН ове денови објави како имало далеку повеќе пари на Гадафи сокриени во Јужна Африка, отколку што претходно се претпоставувало.

Дополнителни 7,1 милијарди евра биле преместени од Стандард Банка во Јужна Африка на сметки во банката Станбик во Кенија. Стандар Банка демантирала дека некогаш воопшто направиле трансакција во толкав износ. Од друга страна, извештајот на ООН содржи податоци дека трансакцијата во Кенија ја одобрил Башир Салех ал-Шркави, некогашен банкар на Гадафи и поранешен шеф на либиско-африканскиот инвестициски фонд.

Тој фонд бил извор на фиансирање за семејството на Гадафи. Понатаму, наводно во Западна Африка на неколку локации се наоѓа сокриена поголема количина пари, но дека за таа локација знае само една личност. Панелот на ООН открива дека им било дојавено од шест извори како таа личност се обидела да ги префрли парите назад во Либија. Според некои извори на Обединетите нации, 502 милиони евра во банкноти од сто долари сокриени во метални ковчези некаде Уагадугу, главниот град на Буркина Фасо.

Таа готовина наводно таму чека локалната компанија „Сосшете Транспорт Конвој Интернешенл“ да ги префрли во Триполи. Таа компанија за таа работа би требало да добие измеѓу 10 и 45 проценти од износот. Иако Владата на Буркина Фасо тврди дека таква компанија не постои, во ООН веруваат во нејзиното постоење.

Во Акра, главниот град на Гана исто така се наоѓа дел од легендарното богатсво на Гадафи. Според ООН, парите с ечуваат во кутии означени со печати на хумнитарната организација „Le Comité International pour la Protection des Droits de l’Homme“.

Парите во Акра наводно биле се до февруари минатата година кога биле преселени во друга држава.

Истрагата исто така открила дека разни бунтовнички групи се обиделе со тие пари да купат оружје, што ООН го толкува како потврда дека некој од лојалните луѓе на Гадафи имаат пристап до парите. Како што е и вообичаено кога ќе се појават информации за некое сокриено богатсво, така и овој пат се појавиле бројни групи кои тврдат дека го претставуваат новиот режим во Либија, за да на тој начин дојдат до парите.

Истрагата на ООН за богатсвото на Гадафи започна откако беше откриена аферата „Панама Пејперс“, каде меѓу другото биле пронајдени податоци дека фондот од кој се финансирале семејството и блиските соработници на Гадафи инвестирал во нафта во неколку африкански земји, за да што полесно ги селат парите од една на друга смета. Истиот фонд, според податоците откриени од документите од оваа афера, имаат акции во компанијата „Вижн Оил Сервисес“, која ја води панамската правна компанија Мосак Фонсека.

„Вижн Оеил Сервисес“ е основана во 2007 година, но немала никаква активност се до 2011 година, во очи на падот на режимот на Гадафи.

 

Loading...