Снежана Захариева нов директор на кумановската болница, Љатифи оди во ЦЈЗ

Сподели со своите пријатели

Снежана Захариева е новиот директор на Јавната здравствена установа Општа Болница Куманово, со новиот бран измени кои ги прави министерот за здравство Таравари.

Захариева е родена на 08.07.1963 година во Куманово. Завршила Медицински факултет во Скопје 1988 година. Од 1989 година вработена е во Медицински Центар Куманово.

Завршила специјализација по анестезиологија со реанимација и од 2005 година работи како специјалист-анестезиолог во ЈЗУ Општа болница .  Мажена, мајка на две деца. Член е на  Советот на Општина Куманово од редовите на СДСМ. Своевремено беше и претседател на Општинската организација на СДСМ Куманово.

Захариева доаѓа на местото на Ариф Љатифи кој пак заминува во директорското столче во Центарот за јавно здравје Куманово.

 

Loading...