Снежана Манев – нов претседател на Основен суд Куманово

Сподели со своите пријатели

Судијката Снежана Манев е новиот претседател на Основен суд Куманово, откако Судскиот совет на вчерашната седница избра судии и претседатели на неколку основни судови низ Република Македонија.

Манев има долгогодишно работно искуство како судија во кумановскиот суд, а на функцијата претседател доаѓа како наследник на Беџет Елези. Избрана е во конкуренција на уште три судии и тоа: и:Јусуф Ајрулаху, Неџат Мемети и Миодраг Величковски.

Елези пак две години ја извршуваше својата претседателска функција, бидејќи неговиот претходник Муса Сулејмани беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Освен во основните судови, нови измени има и во апелационите, но и во Врховниот суд на Република Македонија.