Слика на Да Винчи продадена за неверојатни 450 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Слика од познатиот италијански уметник од 1506 година на која е прикажан Исус Христос, повеќекратно го надмина рекордот кој го држеше сликата на Пикасо, „Жени од Алжир“, а за која во 2015 година купувачот плати 179,4 милиони долари.

Сликата на Леонардо да Винчи е со димензии 65х45 сантиметри и пред аукцијата во Њујорк била изложена Хонг Конг, Сан Франциско и Лондон.

Идентитетот на новиот сопственик не е познат, но познато е дека тој искеширал неверојатни 450 милиони долари.