Следуваат студени мугри: Утринските температури со едноцифрени вреднсоти

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно со локален краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 14 степени, додека максималните дневни ќе се движат од 18 до 24 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од северн, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 20 степени целзиусови, која во текот на ноќта ќе изнесува само 7 степени целзиусови.

Од четврток ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места и студени утра. Ќе дува умерен северен ветер.

 

Loading...