Сиријче се роди во кампот на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во Транзитниот центар Табановце пред неколку дена се роди уште едено бебе Сиријче. Родителите му го дале името Иљаз Курди, а тоа кое е шесто бебе на семсјството кое во Македонија пристигна во март минатата година откако границите беа затворени за бегалците кои сакаа да пристигнат во западноевропските земји.

Родителите се припадниците на курдската заедница во Сирија, а бебето било максимално згрижено и сместено со помош на семејството им пружаат сите невладини организации и волонтери кои им помагаат на бегалците во кампот.

Семејството во кампот престојува од март каде од затварањето на границата се родени неколку бебиња. Моментално во кампот престојуваат околу сто лица кои и понатаму секој нов ден го започнуваат со надеж дека ќе се отворат границите. Од ден на ден расте и бројот на барателите на азил во центарот Визбегово.

Кампот на Табановце и покрај намалениот број бегалци и натаму продолжува да фунцкионира во најдобар ред, а службите на Црвениот крст деноноќно работат на згрижување на беглаците во двата кампа, на Табановце и „Винојуг“ во Гевгелија.