Седум сообраќајки вчера во Скопје

loading...

Едно лице било полесно повредено во една од вкупно седум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи за неправилно престројување и двајца возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени вкупно 18 лица:  еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол,  15 лица пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и двајца возачи почетници. Петнаесет нерегистрирани возила биле отстранети од сообраќај. Затекнати биле 61 непрописно паркирано возило.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 63 возила

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments