Сè што треба да знаете за авокадото

Сподели со своите пријатели

Авокадото е од оние “егзотични плодови” и истовремено исклучително корисни видови храна кои треба да присуствуваат во вашиот режим на исхрана. Дури и да не сте обожаватели на гвакамолето, не заборавајте дека авокадото е одлична состојка за вкусна и здрава салата.

Веќе сме споделувале со вас зошто треба да го конзумирате често зелениот плод. Време е да ви раскажеме и за трикови со кои можете да изберете соодветно авокадо во продавницата и како најдобро може да го чувате.

Loading...

Еве и сè што треба да знаете за авокадото:

Во продавницата за намирници користете ги рацете

Зрелото авокадо има силен мирис, но за да дознаете дали еден плод е зрел, треба да го допрете со рацете. Кога едно авокадо е подготвено за консумирање, тоа има темна боја и е меко на допир.

Препознавање на различните нивоа на зрелост

Промотивната цена на авокадото може и да ви изгледа заводлива, но треба да бидете внимателни при изборот на зелениот плод. Понекогаш тој може да се покаже презрел и во почетна фаза на расипување. Затоа, ако имате можност, купувајте покруто и зелено авокадо што ќе го оставите да омекнува за цела недела пред да го консумирате. Помеките овошја пак јадете ги за еден ден.

Не го чувајте авокадото во фрижидер

Не го ладете авокадото, ако сакате тоа да биде совршено созреано и вкусно. Во случај да сте купиле темно и меко авокадо, кое нема да го консумирате наскоро, тогаш може да  го стаите во фрижидер за да спречите влошување на неговата состојба. Ако пак сакате зелено авокадо да созрее побрзо, ставете го во хартиена кеса или пак во весник заедно со банана.

Loading...

Завиткајте го остатокот од авокадото во проѕирна фолија за готвење

Во случај да половина авокадо е останато, приберете го на чување во фрижидер.Пред тоа сепак завиткајте го темелно во фолија за готвење, за да спречите потемнување. Може да се обидете и да втриете малку лимон врз излупениот дел на плодот.