СЕ ПРОДАВА СТАН НА ТИТО ВО ЊУЈОРК: Почетна цена 15 милиони евра (фото)

Сподели со своите пријатели

Стан на њујоршката Парк авенија, кој властите на поранешна Југославија го имаат купено во 1975 година, ќе се продаде, а поечтната цела е 15,2 милиони евра.

Станот за потенцијалните купувачи е достапен од понеделник, а парите од продажбата на некогаш луксузниот пенхтаус, би требало по договор да ги поделат сите поранешни членки на СФРЈ.

Мистеријата за смртта на ТИТО: Цела Југославија во тага, но тој не починал на 4 мај?

Loading...

Овој стан некогаш го користел југослвоенскиот претседател Јосип Броз Тито, а бил и резиденција на југословенските известувачи во ООН. Станот нуди поанорамски поглед на Њујорк од три балкони.

 

 

Во дуплексот со поврина од 418 квадратни метри никој не престојувал повеќе од 20 години, а станот моментално е во напуштена состојба. Тоа објаснува зошто и агенцијата која го продава објавила две готографии, балконот и зградата во која станот се наоѓа.

– На недвижноста и е потребно целосно реновирање за да станот биде прилагоден на стандардите од 21 век, затоа што со децении никој не водел грижа за него. Бидејќи работите се дозволени само од мај до септември, се очекува дека проектот ќе трае две или три години, а можеби и подолго, рекол за БИРН, Тристан Харпер, агент за недвижнини.

Што порачуваше ТИТО на секој ученик во Југославија? (фото)

Станот има пет бањи и четири спални соби, а грациозното претсобје со широки скали води кон дневна соба со балкон и камин.

Пентахусот има и една дневна соба со библиотека и големи прозорци кои гледаат на Парк Авенија. Ист така посебни простории за слуги и вечерница.

 

Југословенскиот амбасадор Јакша Петриќ за станот во 1975 година платил 85.000 евра во готово. Дури 850.000 евра биле потрошени за неговото опремување.

„Њујорк пост“ пред два месеци потсети дека во овој стан престојувал и Јосип Броз Тито.

– Тоа е вистински дијамант на една од најекслузивните згради на Пар Авенија, вели Харпер.

Погледнете ги подземните војнички бункери на Југославија (фото)

Loading...

Државите на поранешна Југославија исто така го продаваат дуплексот од 3.650 квадратни метри кој се наоѓа на Петтата Авенија, а која Србија ја користи за својата мисија при ООН.

Таа резиденција има 32 соби, осум бањи и два лифта, а се продава за 42 милиони евра.

Државите на поранешна Југославија очекуваат да добијат десетина милиони евра од продажбата на поранешните амбасади и резиденции во Њујорк, Берн, Токио и Бон.