Се обидел да ограби теретана на ММА борец: Секако тоа се завршило лошо по него (видео)

Сподели со своите пријатели

Еден маж се обидел да ограби теретана на ММА борец, но набргу потоа горко зажалил.

Според пишувањето на „FoxLa.com“ кои ја цитираат полицијата, крадецот влегол во теретаната во Бурбанк, Калифорнија со пиштол во рацете нешто по девет часот навечер по локално време.

Инструкторот Џејкоб Пауел, аматерски ММА борец, држел тренинг со еден од своите ученици кога осомничениот влегон. Пауел успеал да го исфрли пиштолот од рацете на крадецот, а да потоа го држел додека не пристигнала полицијата.

Ми проработија инстиктите. Користев техники на џудо за да му пријдам и да му го избијам оружјето од раката пред да пристигна полицајците. Еден од момчињата кои ги тренирав повика полицијата додека јас го држев – напишал Пауел на интернет.

Не сме сигурни како го држел ММА борецот, но на снимката се гледа како полицијата го изведува од теретана дезоирентираниот крадец со крваво лице.

https://youtu.be/GirKnU8BNzE

Loading...