СДСМ ги претстави кандидатите за советници и градоначалник во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ Куманово вечерва одржа конференција на која членството едногласно ја изгласа листата советници и кандидатот за градоначалник со кој партијата ќе ја бара довербата од граѓаните на претстојните локални избори.

 

Loading...

 

Кандидат за градоначалник е актуелниот пратеник во Собранието на Република Македонија и поранашен претседател на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој вели дека чувството е прекрасно, но кандидатурата е предизвик и голема одговорност.

„Ќе излезам со сериозна и реално остварлива програма на овие избори, за деталите ќе зборуваме кога ќе отпочне официјалната кампања, се подготвувам да внесам нова енергија во Куманово и ќе се обидам во следниот период да го променам изгледот на самата општина и на сите рурални средини кои не придружуваат. Исто така ќе се обидам да го спојам градот и да ги зближам граѓаните бидејќи сите ние имаме општествена одговнорност да создаваме едно општество кое ќе овозможи еднакви можности на сите. Знаете и самите дека политичките поделби во самото општество се преголеми и идниот градоначалник на Општина Куманово ќе има за обврска да ги зближи и да ги сплоти сопствените граѓани. Тука во таа активност нема да барам партнери само помеѓу политичките партии или припадниците на политичката партија во којашто припаѓам туку ќе ја барам поддршката и кај партиите кои не размислуваат како нас и граѓаните кои не се традиционални гласачи на СДСМ. Исто така ќе побарам поддршка од невладиниот сектор, од невладините здруженија и организации кои функционираат, работат и творат во Општина Куманово. Ќе поразговарам отворено со бизнис заедницата, ќе се обидам да дадам можности да се развива и расте бизнис заедницата во нашиот град и она што значи наш домашен капитал да го трансфоримирам како директен инпут финансиски во Куманово. Воедно ќе се обидам да привлечам и поголем број инвестиции од надвор и верувам дека со добра соработка со Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ во моментов ќе изнајдам начин и решение и вистински партнер да реализирам вистински проекти кои ќе бидат во мојата програма“ – изјави Димитриевски.

 

 

Носител на листата кандидати за советници е Атина Мургашанска, претседал на Унија на жени на ОО СДСМ Куманово и вработена во Североисточниот плански регион со долгогодишно искуство во политичката сцена во градот.

„Колку сум запознаена за прв пат во историјата на делувањето на СДСМ во Општина Куманово, ми претставува чест, задоволство и огромна одговорност што ќе го предводам овој тим од 33 успешни докажани кандидати за советници. Ние сме различни по етничкиот состав, дури и по политички убедувања, бидејќи доаѓаме од различни политички партии, различни по потеклото, од различни делови на градот, меѓутоа сите се носиме со иста идеја, да донесеме подобар живот за граѓаните на Куманово. Во таа битка нудиме многу проекти и идеи кои ги црпеме од програмата на СДСМ и од нашата едноставна желба да го подобриме квалитетот на локалното живеење“ – изјави Мургашанска.

 

Loading...

 

Листата со кандидати за советници има вкупно 33 имиња. Поголемиот дел се припадници на СДСМ, но тука се и коалиционите партнери на партијата, а листата има и 15 жени советници, што е над законскиот минимум. Највозрасниот има 63, а најмладниот 22 години.

Листата изгледа вака:

  1. Атина Мургашанска – СДСМ

  2. Томица Илиќ – СДСМ

  3. Благојче Јаќимовиќ – НСДП

  4. Ивица Костовски – ЛДП

  5. Соња Тодоровска – СДСМ

  6. Владимир Павловски – СДСМ

  7. Милена Строимановска – СДСМ

  8. Самет Салиевски – СДСМ

  9. Хана Џемаили – СДСМ

  10. Миле Андоновски – ПП

  11. ССМ

  12. Александра Андоновска – СДСМ

  13. Сашо Милковски – АПМ

  14. Ивана Николиќ – СДСМ

  15. Ана Ангеловска – СДСМ

  16. Саша Арсиќ – СДСМ

  17. Олгица Вељковиќ – ДОМ

  18. СНС

  19. Фросина Стојановска – СДСМ

  20. Ердоган Алиевски – ТКП

  21. Светлана Николиќ – СДСМ

  22. Маријана Додевска – СДСМ

  23. Мевљан Имери – СДСМ

  24. Бојан Николовски – СДСМ

  25. Тања Јакимовска – СДСМ

  26. Александра Николиќ – СДСМ

  27. Иван Миладиновски – СДСМ

  28. Вилијам Бојковски – ЛДП

  29. Татјана Димитриевска – СДСМ

  30. Марјан Рашевски – СДСМ

  31. Александар Спирковски – СДСМ

  32. Сашо Тодоровски – СДСМ