Само Караџовски од КК Куманово ќе заигра во репрезентативниот дрес

Сподели со своите пријатели

Димитар Караџовски останува единствениот кошаркар од составот на КК Куманово кој ќе заигра во репрезентативниот дрес, откако Адем Мекиќ не отпатува во Пропад каде македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе го игра првиот натпревар со Словачка од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

 

Loading...

 

Селекторот Јорданчо Давитков се одлучи да направи пресек и од списокот играчи освен Мекиќ да го изостави и Андреј Маслинко од МЗТ.

Но, денеска нема да заигра ниту миленикот на кумановската публика и поранешен играч на Куманово, Александар Костовски поради повреда. На неговата позиција ќе заигра Бобан Стајиќ.

 

 

Иако беше најавувано дека годинава нема да заиграат Американци во македонскиот дрес, сепак составот го пополнува Ричар Хендрикс кој има македонски пасош, а кој доаѓа во репрезентацијата откако својот настап го откажаа Бојан Трајковски и Ѓорѓи Чековски.