Рејчел Варвик – жената која е алергична на вода

Сподели со своите пријатели

„Купки за опуштање се ноќна мора, а уживањето на море е привлачно колку и пливање во трње. Тие работи се мојата верзија на пеоколот“ – вака ја опишува својата секојдневност жената која боледува од едно од најретките заболувања во светот.

За Рејчел, купките се агонија, дури и нејзините солзи можат да и го изгорат лицето. Како е можно човековото тело да ја одбива основната животна потреба – водата?

Кога се буди, Рејчел се чувствува како да мора да испие некој вид отров, поради кој се чувствува како да пие чаша коприва. Како напитокот поминува низ грлото, таа чувствува дека зад себе истиот остава пликови на кожата, црвенило и чешање.

Ова е светот на Рејчел Варвик, која е алергична на вода. Било која контакт со вода, па дури и со сопствената пот и предизвикува болка, отекување, интензивно чешање и исипаници по кожата кои можат да траат и со часови.

Мојата реакција на вода е како да сум трчала маратон. Се чувствувам толку уморно да морам да седам некое време. Грозно е, но ако заплачам, моето лице ќе биде во отоци – вели Рејчел.

Луѓето кои се заболени од оваа состојба, кое инаку е познато како „aquagenic urticaria“, чувствуваат како да допреле коприва во комбинација со малаксаност од алергија. И така секој ден.

Сигурно е непријатно, но веројатно се прашувате како Рејчел се бори со ваквата состојба.

Водата е најосновната потреба за живот, а телото е составено од 60% од оваа течност. Возрасна личност од 70 килограми во себе има 40 литри вода. Но, таа во нашето тело не е проблем. рекаицјата ја покренува контактот со кожа и се случуав без оглед на температурата, чистината и содржината на солите.

Технички, оваа состојба всушност не е алергија, затоа што предизвикува реакција на нешто што се наоѓа во телото, не се јавува како реакција на надворешно тело. Се нарекува така бидејќи ги има истите видливи симпотми, додека причината и натаму не е проучена доволно.

Оваа ретка дијагноза уште од самиот почеток била збунувачка за научниците, како што е и за сите кои слушаат за алергија на вода.

Најстарата теорија е дека „aquagenic urticaria“ делува кога водата е во интеракција со надворешниот слој од кожата, кој обично содржи мртви клетки или билни супстанци кои ја одржуваат хидратантна. Во контакт со водата, овие компоненти можат да испуштаат токсини на соединенија кои предизвикуваат ваква реакција.

Другите теории наведуваат дека водата може едноставно да ги раствори хемикалиите во слоеви на мртва кожа, дозволувајќи им да допрат длабоко во кожат каде ја пердизвикуваат реакцијата.

Можеби најприфатлива е онаа дека алергијата е предизвикана со промена на притисокот, која случајно го активира имунолошкиот систем во моментот кога водата ја напушта кожата.