Раскошна венчавка на ќерката на претседателот: 8.000 гости, а церемонијата ја гледала целата државата (фото)

Сподели со своите пријатели

Кахијанг Ају (26) е единствената ќерка на претседателот на Индонезија Јоко Видодо. Нејзината раскошна венчавка одржана е во рамките со јаванските обичаи, а целата нација ја следела церемонијата преку малите екрани.  Покани добиле 8.000 гости, меѓу кои биле и бројни политичари, но без звучни, меѓународни имиња, пошува ВВС.

Венчавката и парадата се одржале во среда во родното место на претседателот, градот Суракарти, познат и како Соло во централната Јава. На парадата учесниците носеле етнички костими од сите делови на оваа земја.

Наследничката на империјата „Сваровски“ се омажи во венчаница од 700.000 евра и 46 килограми (фото)

Loading...

Пред самата венчавка гордите родители објасниле во детали за јаванската традиција на својата ќерка. Младоженецот Мухамед Боби Афиф Насутион е бизнисмен кој се занимава со недвижнини.

 

 

На парадата која е одржана за венчавката, гостите биле облечени во носии кои одговарале на краевите од кои што доаѓаат.

Претседателот исто така ангажирал и 50 рикши со кои се превезувале гостите на венчавката. Целта била на венчавката да учествуваат сите општествени слоеви и неговиот народ да може и да заработи на венчавката.

Свадба од 5 милиони евра: Кога мама ќе ја плати се чекори по злато (видео)

Јоко Видодо е првиот градоначалник на Соло, а потоа гувернер на Џакарта, пред да станел претседател во 2014 година. Често се нарекува Јокови и е многу популарен во Индонезија.