Ракометарите на Куманово нерешено против Вардар (галерија)

loading...

Со резултат 21:21 ракометарите на Куманово нерешено го завршија натпреварот од четвртото коло од Машката ракометна прва лига, против составот на Вардар од Неготино.

 

 

Солиден старт имаа избраниците на тренерот Александар Атанасовски кои на моменти имаа предност и од седум поени. Малиот пад на концентрацијата и заморот во вториот дел од средбата, го искористија ракометарите на Вардар Неготино за да ја стопат разликата која кумановци ја поставија во првото полувреме.

 

 

Неколку минути пред крајот гостинската екипа го изедначи резултат и мечот заврши со пенал од Несторовски, кој сепак не успеа да реализира за победа.

 

 

Од досегашните одиграни четири кола, РК Куманово бележи две победи, еден пораз и нерешен меч. Следниот натпревар кумановци го играат на гостински терен против составот на Струга.

 

 

 

 

 

 

 

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments