Радмила Шеќеринска на „интервју“ со Лидија Богатинова (видео)

Сподели со своите пријатели

Главната и одговорна уредничка на Канал 5 телевизија, Лидија Богатинова вчера во своето студио ја пречека потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шеќеринска, која истакна дека осум години по ред не добила покана за јавно гостување во овој медиум, наспроти ставот на Богатинова дека членовите на СДСМ биле редовно поканувани.

Во крајно тензична атмосфера на интервјуто, прашана за тоа каква била соработката со сите досегашни први луѓе на СДСМ, Шеќеринска рече дека проблемот е во тоа што доскорешниот премиер, Никола Груевски никогаш не соработувал со опозицијата.

До 2005 со сите тие премиери и претседатели, Македонија стана кандидат за членство во ЕУ а во следните 10 години до денес, не сме се помрднале. Пред да дојдам погледнав едно од последните интервјуа на Груевски овде, и забележав дека на едно од прашањата, седум минути се плашевте да вмешате во неговиот одговор. Факт е дека Република Македонија денес е држава во која сите чувствуваме дека имаме изгубено многу време и многу години и факт е дека голем настан е дали интервјуто со опозицијата овде ќе биде пристојно или не, одговори Шеќеринска.

Потпретседателката на СДСМ со анализи од мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР врз медиумите, пред Богатинова презентираше забелешка дека Канал 5, 46 отсто од својот простор го остапувал на ВМРО-ДПМНЕ, пти што додаде дека во изминатата недела, 2 часа имале програма во која ја фалеле политиката на власта, а ја критикувале само 2 минут, додека час и половина презентирале негативни вести за опозицијата.

Дали сметате дека милионите евра се доволни за да го покријат овој срам и да покажат дека нема теми кои ги покривате во интерес на граѓаните. Затоа опозицијата е забранета. Во 20 дена, една секунда не сте дале критична за ВМРО-ДПМНЕ, дали тоа е причината што во текот на 2015, милиони евра се влеале во оваа телевизија, рече Шеќеринска, по што Богатинова се надоврза дека таа ги нема истите анализи и не верува во нив.

Коментирајќи ги шпекулациите на медиумите блиски до власта, дали специјалната обвинителка Катица Јанева минатата вечер разговарала со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Шеќеринска ги отфрли информациите потенцирајќи дека тоа се режимски лаги.

Одговорно тврдам дека тоа не се случило, но она што е интересно е како Јанева на почетокот беше доечака со аплаузи а сега наеднаш стана непријател. Јанева беше со консензус изгласана. Груевски мисли дека може се да контролира, и кога виде дека тлото го губи, почна со хајка против неа, одговори потпретседателката на СДСМ.

Денеска кружат информации дека по завршување на интервјуто Лидија Богатинова е сменета од функцијата главен и одговорен уредник на Канал 5 телевизија, поради наводна неспособност да и парира на Шеќеринска.