Пуштена во употреба улица „6“ во населбата Иго Тричковиќ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Улицата „6“ во населбата Иго Тричковиќ вчера беше пуштена во употреба, а жителите на населбата добија нов и асфалтиран пат, после неколку децении.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”379″]

 

На пуштањето во употреба присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски заедно со претставаници од локалната самоуправа, кои освен што направија увид во сработеното се сретнаа и со месното население на Иго Тричковиќ.

Асфалтирањето е во рамките на протектот за пролетна реконструкција и изградба на патиштата низ приградските населби во општината, при што претходно асфалт добија и неколку улици во населба Карпош, Којнаре, Ајдучка Чешма, а проектот ќе продолжи и во иднина.