„Протестирам“ и вечерва повикува на марш низ улиците на Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓанското движење „Протестирам“ и вечерва ги повикува граѓаните на Куманово да излезат на протестен марш кој ќе започне во 19 часот пред Основниот суд во Куманово.

Нивните барања се веќе познати, оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател, повлекување на одлуката за аболиција, а активно даваат поддршка и за работата на Специјалното јавно обвинителство.

До сега се одржаа три собири на граѓаните во Куманово, а сите поминаа во најдобар ред, без инциденти, како што беше ветено уште првиот вечер дека граѓаните нема да уништуваат ниту јавна, ниту приватна сопственост, ниту ќе удираат по полицијата.